Прашок 150g за подготовка на раствор за пиење.

АКТИВНИ СОСТОЈКИ:

  • Natriumhydrogencarbonat - 133,93g
  • Kaliumhydrogencarbonat  -   13,40g
  • Natriumcitrat                   -     2,67g

 

КАРАКТЕРИСТИКИ:

SanumALKALA N е препарат кој одлично ја регулира ацидо-базната рамнотежа во човековиот организам. Пореметувањето на ацидо-базната рамнотежа во правец на зголемено создавање на киселини во организмот односно намалување на Ph вредноста во денешно време се почести, поради условите на животната средина во која се живее и современиот начин на живот кои што доведуваат до неправилна исхрана и зголемен стрес. Toa пореметување на ацидо-базната рамнотежа, во крајна линија доведува до хронични метаболни дисфункции што се манифестира со дегенерација на клетките.

 

ИНДИКАЦИИ КАДЕ СЕ УПОТРЕБУВА:

1. Ацидоза на стомак и дуоденум.

2. Гастритис и улкус вентрикули.

3. Проблеми со жолчката и црниот дроб.

4. Подуеност.

5. Реуматични болести.

6. Хронични кожни заболувања.

7. Респираторни и урогенитални заболувања.

 

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

- За возрасни и деца над 12 години.

Се зема од прашокот со помош на приложената мерица (3гр.) и се раствора во 200мл топла вода во порцеланска чаша. Се пие во тек на 15 минути. Половина час пред и после земањето на алкалата да не се внесува храна, течности и лекови.

 

КОНТРАИНДИКАЦИИ:

- Стомачен анацидитет.

 

Потребна е претходна медицинска препорака за жени во текот на бременост и доење, како и за деца под 12 години.

СОВЕТ: Доколку некој пациент покаже интолеранција спрема препаратот, терапијата се прекинува за неколку дена и потоа се продолжува со земање на четвртина од дозата, која постепено ќе се зголемува.

Пакување од 150g Alkala N прашок содржи мерица за прецизно одмерување на прашокот и индикатор ленти со кои се проверува pH средината на урината.