ПАРАЦЕЛЗУС, чувар на вашето здравје

 

ПАРАЦЕЛЗУС ДОО е компанија која креира нови аспекти во совладување и лечење на болеста или новонастанати невообичаени состојби во организмот. Основана е во 2009 година. На чело на компанијата се наоѓа г-ѓа Силвана Пехмоеллер, психотерапевт и терапевт по алтернативна медицина.

Г-ѓа Пехмоеллер со своето искуство на ова поле и воедно подржана од своите клиенти го прави првиот пионерски чекор во Македонија, внесува и регистрира повеќе хомеопатски и изопатски препарати од реномиранипроизводител Sanum-Kehlbeck како и препарати од билно потекло на производителот Helixor, фирми кои ја имаат единствената формула за произведените препарати.

Нашата цел е да му се помогне на човекот во процесот на обединување на телото, личноста и духот во една целина и на софистициран начин да се дојде до урамнотежено тело и дух.

Компанијата ПАРАЦЕЛЗУС ДОО е единствен овластен застапник за препаратите на реномираниот производител на хомеопатски-изопатски лекови, Sanum-Kehlbeck како и на препаратите од билно потекло на производителот Helixor.

Во состав на „ПАРАЦЕЛЗУС ДОО“ функционираат:

  • ПЗУ ,,Парацелзус” – ординација по општа медицина со интеграција на алтернативна медицина. Во нашата ординација се применуваат најновите техники и методи за подобрување и исцелување на Вашето психичко, ментално и физичко здравје.

Во рамките на ординацијата, за Вашето психичко, ментално и физичко здравје, се грижат:

Др. Билјана Лазарова, доктор по општа медицина, со долгогодишно искуство, дипломирана на Медицинскиот факултет во Скопје

Силвана Пехмоеллер, психотерапевт и терапевт по алтернативна медицина со долгогодишно искуство, која своето образование го стекнува во најпознатата школа за алтернативна медицина во Германија, Paracelsus

  • Веледрогерија која е ексклузивен увозник и дистрибутер на:                                 - Препарати од производителот Sanum-Kehlbeck                                                       - Препарати од производителот Helixor, за прв пат во Македонија билни ампули за субкутана апликација кои се користат како адјувантна и супоративна терапија во лечење на канцер.
  • ПЗУ APTEKA ,,Парацелзуспрва и единствена алтернативна аптека во Р. Македонија каде што можат да се набават препознатливи и посебни лекови од клиничката и класичната хомеопатија, од антропозотската медицина и препарати од билно потекло.

Раководител на ПЗУ APTEKA ,,Парацелзус, на веледрогеријата како и одговорен за фармацевтската регулатива е Билјана Милојковска, магистер по фармација, со долгогодишно искуство во областа на фармацијата.

Ако сакате да не контактирате, Ве молиме да го пополнете овој формулар, со Вашите податоци и анамнеза на болеста, и истиот да го испратите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Податоците се доверливи.