NOTAKEHL D4 caps. – Sanum Kehlbeck
Капсули за орална употреба
Хомеопатски антибиотик
Активна состојка:
- 1 капсула содржи: 330 mg Penicillium chrysogenum D4 тритурација
Индикации:
Специфично ефикасен препарат во изопатска терапија на бактериски инфекции: angina tonsillitis, laryngitis, otitis, инфекции на урo-гениталниот тракт (cystitis, prostatitis, endometritis), пулмонални заболувања (asthma-bronchitis, bronchitis, sinubronchitis), neuritis, neuralgia, LWS синдром, кај појава на акни, при екстракција на заб, процеси во усната шуплина и заболувања на коренот на забот, за интерпонирање при терапија со други фунгални препарати.
Својства:
Notakehl, се добива од габата Penicillium chrysogenum, не е синтетски антибиотик, не содржи, ниту пак произведува пеницилинска киселина. Поради тоа ги нема типичните појави какви што ги има при користење на терапија со антибиотици какви што се алергии, оштетувања на црниот дроб, уништување на цревната флора и создавање на колонии резистентни на пеницилинска киселина. Notakehl делува специфично кај сите инфекции предизвикани од стрептококи и стафилококи.
Може да се користи заедно со Quentakekl капки и капсули.
Примена
При акутни состојби:
- 1-3 капсули дневно.
Капсулата може да се отвори и прашокот да се нанесе дирекно на јазикот.
Несакани дејства
Не се познати.
Пред примена на препаратот консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.
Содржина на пакување: 20 капсули.