NIGERSAN D5 sol. – Sanum Kehlbeck

Капки за:

  • орална употреба
  • протривање по кожата
  • инхалација

Активна состојка:

  • 1 ml содржи: 1 ml Aspergillus niger e volumine cellulae D5 dil.; 1ml = 22 капки

Индикации:

  • болести на урогениталниот тракт,
  • паратуберкулозно условени воспаленија, како Morbus Scheurmann, Morbus Perthes и Morbus Bechterew
  • Osteochondrosis
  • Lymphatismus
  • болести - струма, Adipositas
  • Verrucae (брадавици)
  • во изопатската терапија се користи Nigeresan кај сите паратуберкулозни заболувања. При паралелно користење на UTILIN или UTILIN Ѕ со Nigeresan треба да се набљудува дејството на потенцирањето.

 

Својства:

Nigeresan е специфичен препарат за изопатска и имунобиолошка терапија на паратуберкулозата и болестите што се јавуваат последователно. За разлика од хемиските, бактериостастичките или антибиотските препарати, Nigeresan не го напаѓа директно бацилот на туберкулозата, туку базирајќи се на учењето на Ендерлајн за циклогенијата на бактериите, борејќи се против него, тој прави „слабо место“ користејќи го цикличниот тек на паразитите при што вештачки забрзува еден процес, кој и онака спонтано се случува во рамките на смената на генерациите, а посебно кај сите процеси на оздравување – а тоа е разградувањето на бацилот на туберкулозата. При тоа преминува од паразитна форма во непатогена фаза, која потоа од организмот ќе биде исфрлена преку цревата, урината, кожата и бронхиите.

 

Примена:

Орално

Возрасни и деца над 12 години:

  • 1x дневно 5-10 капки.

Деца под 12 години:

  • 1 капка за секоја година (2 години-2 капки), но да не се пречекори дозата за возрасни.

За протривање

  • 1 x дневно 5-10 капки се протриваат на прегибот на лактите.

За инхалирање

  • 8 капки 2-3 x дневно со 10-20 длабоки вдишувања.

Несакани дејства:

Не се познати.

Пред примена на препаратот, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Содржина на пакување: 10ml течност.