MUCOKEHL D5 sol. – Sanum Kehlbeck

Капки за:

  • орална употреба
  • протривање по кожата
  • инхалација

Активна состојка:

  • 1 ml содржи: 1 ml Mucor racemosus D5 dil. ; 1ml = 22 капки

Индикации:

Специфично ефикасен препарат во изопатската терапија на васкуларниот систем и иницијатор на симбиотски терапии.Се користи за хронични, латентни и акутни тегоби на системот на крвните садови, како тромбози, емболии, постинфарктни тегоби, ангина пекторис, пречки во циркулацијата и пречки во заздравувањето на  рани кај дијабетска гангрена, тегоби од попуштени вени, хемороиди, глауком, катаракта и т.н..

 

 

 

  Својства:

Мucokehl D5 се добива од габата Mucor racemosus. Во крвта и ткивото на човекот и животните живеат микроби, кои вообичаено не се штетни и кои служат за одржување на различните механизми на регулација. Според проф. Ендерлајн кај овие т. н. „енбионти“ станува најчесто збор за непатогени фази на габата на мувлата Mucor racemоsus Fresen. Како и сите микроби, така и тој подлежи на законот на циклогенијата, т. е. неговиот развој се одвива по овој ред: примитивна фаза – бактерија – габа, при што вирулентноста и патогеноста на енбионтите се зголемува во повисоките развојни степени. Доколку на организмот заболен од повисоките валенции му се дадат одредени фази од пониска валенција, тогаш тие ги разградуваат патогените форми во неактивен примитивен стадиум. Тие потоа можат да се исфрлат преку уринарните патишта, цревата, кожата и бронхиите.

Примена:

Орално

Возрасни и деца над 12 години:

  • 1x дневно 5-10 капки пред оброк.

Деца под 12 години:

  • 1 капка за секоја година (2 години-2 капки), но да не се пречекори дозата за возрасни.

За протривање

  • 1 x дневно 5-10 капки се протрива на прегибот на лактите.

За инхалирање

  • 8 капки 2-3 x дневно со 10-20 длабоки вдишувања.

Несакани дејства:

Не се познати.

Пред примена на препаратот, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Содржина на пакување: 10 ml течност.