EXMYKEHL D3 supp. – Sanum Kehlbeck

Супозиторија:

  • за ректална употреба

Активна состојка:

1 супозиторија  содржи:

 0,067 g Candida albicans D3 според одредбата 6 HAB;

0,067 g Candida parapsilosis според одредбата 6 HAB;

0,067 g Penicillium roquefortii според одредбата 6 HAB.

Други составни делови: 1,799 g цврст вазелин.

Индикации:

  • микози на црева, вагинални микози
  • хипертрофија на простата.

 

Својства:

 

Во Exmykehl D3 се комбинирани препарати од габи кои делуваат специфично антимикотично: Penicillium roquefortii, Candida parapsilosis и Candida albicans. Со последниот  лек, во дејството на Exmykehl е вклучен феноменот – диморфизам на сапрофитично-паразитарните фази на развојот на Candida albicans. Спецификата на дејството се одликува со широката база на изопатската подготовка како и со длабочината на насоките на делување.

 

 

Примена:

Ректално

  • Возрасни и деца над 12 години:

               1 x дневно, ставете 1 супозиторија ректално пред спиење

 

  • За деца под 12 години:

            Дозата зависи од советот на вашиот лекар или здравствен работник.

 

Несакани дејства:

Не се познати.

Пред примена на препаратот,  консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Содржина на пакување: 10 чепчиња.