NACHTKERZEN VITAMIN E CORPERLOTION - BIOFRID
Состав:
- Масло од ноќниче
- Витамин Е
- Екстракт од хамамелис
- Глицерин
- Алантоин
Лосионот со НОЌНИЧЕ И ВИТАМИН Е има благопријатен мирис. Целосно ја негува кожата правејќи ја мека, нежна, свиленкаста, еластична и здрава. Овозможува оптимална заштита од тешки метали и гасови од надворешната средина. Дава едновремено козметички и медицински третман.
Специфичната формула овозможува кремата да се користи и кај особи со многу сува кожа (лушпеста кожа), атопичен дерматит, псоријаза и кожа поврзана со оштетување од изгореници.
Лосионот се нанесува со нежна масажа на целото тело.
Nachtkerzen vitamin Е лосионот овозможува:
- Враќање на влагата на кожата
- Зајакнување на нејзината структура
- Еластичност на кожата
- Одржување на кожата во добра физичка кондиција
Ефектот на НОЌНИЧЕТО е познат од времето на Индијанците од Северна Америка кои ги осознале неговите благодети. Тие го користеле семето од НОЌНИЧЕТО од кое со толчење подготвувале мелем за осип на кожата. Содржи гама линоленска киселина која не се формира доволно од самиот организам. Посебно овој процес е намален со стареење на телото.
Се препорачува:
- За секој тип на кожа
- При иритација и осип настанат од пелени кај новороденчиња
- После секое туширање, капење или пливање
Со Лосионот со ноќниче и витамин Е се обезбедува ИНТЕНЗИВНА нега со спречување на предвремено стареење на кожата, ја хидрира и ја прави кожата мека и еластична.