Здравиот начин на исхрана е еден од основните принципи при спроведување на детоксикационен режим на исхрана.
Надворешни агенси кои влијаат негативно на нашиот организам се: воздухот кој се вдишува, разни гасови, водата која ја пиеме и во која се капеме (вода оптеретена со хлор), користење на вообичаени средства за лична хигиена и средства за чистење на простории, несоодветна исхрана, храна со конзерванси, штетни хемикалии, хормони, адитиви и пигменти во храната, внесување на токсини, штетни метали (олово, жива, алуминиум и др.) и голема количина на лекарства.
Како внатрешни токсини се сметаат супстанциите кои се продукти на самиот метаболизам на внесената храна богата со маснотии, протеини и рафинирана храна.
Стрес факторот, брзиот начин на живот, малку телесни вежби и други влијанија кои ја пореметуваат биолошката рамнотежа на организмот влијаат на интоксикацијата.
Се препорачува детоксикација на организмот два пати годишно, обично за период од три недели, со цел подобрување на психо-физичката состојба на организмот. Интоксикацијата се препознава преку вообичаени непријатности и симптоми со кои се среќава модерниот човек како што се: главоболка, лоша дигестија, опстипација, надуеност на стомакот, појава на Candida. Со еден збор нападнат е секој систем во организмот, а резултат на тоа е постојана умор, лоша концентрација и негативен став во животот. Постојат многу начини за детоксикација на организмот но се смета во колку не постојат точно индицирани состојби да се спроведе еден здрав и природен начин на детоксикација во кој е потребно да се следат само одредени основни принципи. Истиот не бара спроведување на строги режими, а се очекува да се контролира внесот на прехранбените продукти.
Детоксикација на црева
Особено внимание треба да се обрати на редовно празнење на цревата. Истото не се препорачува со вештачки лаксативи. Како природни може да се наброи горката сол и едно од најдобрите растенија за таа намена: псилиум (Plantago psyllium). Во народната медицина е добро познат и сок подготвен од сливи.
Третманот за чистење на цревата обавезно треба да опфати и користење на пробиотици, кои воедно ќе го штитат и имуниот систем во процесот на детоксикација.
Се препорачува и користење на храна богата со диететски влакна (link so DIETESKI VLAKNA)
Детоксикација на бубрези
Употреба на чај од: магдонос, ѓумбир, глуварче, корен од бел слез, коприва. Во исхраната да се вклучи лубеница, сок од лимон, сок од брусница, семки од тиква. Од витамини се препорачува: Б2, Б6 и магнезиум.
Детоксикација на хепар
Се препорачува користење на чај од млечен трн - Silybum marianum (содржи silimarin како моќен антиоксиданс), глуварче - Taraxacum officinale (игра улога на тоник за хепарот), сладок корен – Glycerrhiza glabra (ги неутрализира токсините во хепарот).
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ до кои треба да се придржувате при спроведување на детоксикацонен режим на исхрана
ВНЕС НА ТЕЧНОСТИ
Внесот на течности се предвидува во најголем процент да се однесува на водата (околу 70%), а потоа на чаеви и бистри сокови.
Неопходноста од пиење на големи количини на вода е добро позната. Најважно е да се испие поголема количина наутро, на празен желудник, со што се овозможува подобра елиминација на токсичните отпади од цревата. Според Јапонската традиционална медицина најдобро е да се земе топла вода за да се растворат маснотиите.
Од билните чаеви се препорачува: глуварче (Taraxacum officinale), ѓумбир (Zingiber officinale), сладок корен (Glycyrrhiza glabra), босилок (Ocimum basilicum), чичков корен (Arctium lappa), поточарка (Tropaeolum majus).
КОНСУМАЦИЈА НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
Консумирање на секаков вид на овошје и зеленчук се препорачува поради богатството од витамини, минерали, антиоксиданси и диетески влакна.
Специфичен антитоксичен ефект имаат:
Лимонот овозможува претварање на токсините во растворливи во вода, на кој начин се олеснува нивното исфрлање од организмот. Исто така се смета дека го потпомага исфрлањето на вишок на жолчка. Го подига нивото на кислород и калциум во хепарот што поволно влијае на нивото на кислород во крвта. Најдобро е додатокот на лимон да се направи во водата што наутро се внесува во организмот.
Се препорачува консумација на свежиот лук кој содржи сулфур и водород кои ги врзуваат тешките метали и овозможува нивно исфрлање од организмот.
Зеленчук со темнозелена боја на листовите: спанаќ, кељ, карфиол, брокула, прокељ помага во елиминирање на токсините, посебно тешките метали. Овој зеленчук најдобро е да се подготви со кратка термичка обработка.
Цветот од артичока посебно се препорачува за прочистување на крвта. Тој влијае и на излачувањето на жолчни киселини.
Користење на ленено семе, најдобро во свежо сомелена состојба, поради неговото силно антиоксидативно својство и поволно влијание на системот за варење на храната.
Наутро и навечер да се испие по една чаша вода со глина за внатрешна примена.
ХРАНАТА ДА БИДЕ ВО СИРОВА СОСТОЈБА
Со варење се уништуваат поголемиот дел од ензимите, кои влегуваат во процесот на дигестија. Со сировата храна се подигнува имунитетот на ГИТ, посебно на цревата и се воспоставува природна биолошка рамнотежа и враќање на pH вредноста на цревата.
КОНСУМАЦИЈА НА ОРГАНСКИ ОДГЛЕДАНА ХРАНА
Органската храна се добива од еколошко контролирани полиња, кои треба да исполнуваат строги стандарди, незагадена од хемикалии од внатре и надвор. Обработката на суровините се одвива во мали серии за да се задржи нивната свежина и подобра контрола на процесот на производство и крајните продукти.
!ПРЕДНОСТ ДА СЕ ДАДЕ НА ВЕГЕТАРИЈАНСКАТА ХРАНА И КОНСУМАЦИЈА НА ЛЕСНА ХРАНА
!КОРИСТЕЊЕ НА САУНИ И ТОПЛИ КУПКИ
ДА СЕ ИЗБЕГНУВА:
Кафе и алкохол
Рафинирани масла (што поголема употрена на ладно цедено маслиново и ленено масло), бел: шеќер, брашно, ориз, маргарин, пржена и масна храна.
Да се избегнува прекумерно вежбање во теретана, трчање.
Крајната цел на детоксикацијата е да се поврати природната особина на организмот за самооздравување и воспоставување на природен баланс на организмот.