Потекло на плеоморфизмот


Концептот на плеоморфизмот и симбиозата се неразделен дел од името на истражувачот и микробиолог Проф. Др. Gunther Enderlein (1872 – 1968 ). Базата на неговата работа била книгата на францускиот истражувач A.Bechamp "Microzymas ".

Тој опишал дека микроорганизмот може под точно одредени услови, да минува низ разновидни фази и форми на развој, без губење на специфичните карактеристики. Така, спротивно од мислењето на Pasteur, дека микроорганизмите едноставно опстојуваат без никакви развојни промени , Ендерлајн низ интензивни истражувања, дошол до заклучок дека , развојот на болестите не може да се објасни и одржува само од аспект на мономорфизам.

Ова истражување, Ендерлајн, го прави во 1916г. додека работел на предизвикувачот на тифусот. Користејќи темен микроскоп, во крвта набљудувал, подвижни тенки живи форми, кои ги нарекол Спермити, кои копулирале со повисоко организирани структури, каде што продуктот на таа копулација наеднаш станувал невидлив. Овај процес Ендерлајн го интерпретирал како сексуален, каде што финалните продукти се невидливи за човечкото око, под светол микроскоп. Првобитниот растителен микроб ,кој живее во симбиоза во еритроцитот ,го нарекол ЕНДОБИОНТ. Овој ендобионт живее во вистинска симбиоза со домаќинот, што има меѓусебен бенефит. Под дејство на надворешни фактори, ендобионтот може да се размножува и развива – процес кој може, значително да го наруши симбиотскиот еквилибриум. Здравиот организам е способен да го обнови тој еквилибриум. Во овој процес, највисоко развиените патогени форми на микроорганизми, се враќаат во авирулентни примитивни форми, низ процесот на копулација, што го опишал Ендерлајн. Тие го напуштаат телото преку органите за елиминација.

Ендерлајн, најголемиот дел од својата научна работа, која траела 40 години, ја посветил на комплексот прашања за плеоморфизмот, симбиозата и циклогенијата на микроорганизмите. Издал преку 500 научни статии. Неговиот главен наслов бил "Бактериска циклогенија", 1925. Во оваа книга детално ги опишал промените и развојот на паразитот во неговите варијабилни форми и циклус . Таа била објавувана на германски и англиски јазик (Semmelweis Verlag,Hoya ; Pleomorphic Product Sales Inc ; Glendale; USA ).