Хомеопатијата може во потполност да се карактеризира како “медицина на 21-от век”. Тоа е моќна и нежна метода на подобрување на имуниот и одбранбениот систем на човекот. Хомеопатијата е софистициран начин на индивидуално лечење преку тоталитаритет на физички, емотивни и ментални аспекти, а не симплифициран приод кон болеста. Може слободно да се декларира како вистинска метода за луѓе заболени од акутни, хронични, па дури и генетски заболувања.

 

Хомеопатијата може да влијае на физичките промени, на емотивната и ментална состојба на човекот и како превенција за развој на нови патолошки состојби.

ШТО Е ХОМЕОПАТИЈАТА

Основната претпоставка е дека болеста не е едноставно и симплифицирано пореметување во организмот, туку претставува актуелни одговори и напори да се одбрани и излечи себеси од инфекцијата или стресот. Секој организам опстанува благодарејќи на неговиот адаптибилен капацитет. Инфламаторниот процес е еден од начините на експресија дека организмот почнува да учи што е она што го инфицирало и како да се справи со тоа. Така, креацијата на симптомите е еден од начините на кој организмот опстанува во надворешното опкружување.

Конвенционалната медицина смета дека настанатите симптоми треба да се супримираат и контролираат. Терапиите и лековите ја супримираат природната моќ на организмот и создаваат подлабок и хроничен здравствен проблем.

Симптомот е најдобро разбирање дека не се работи за болест сама по себе, туку дека се работи за знак или сигнал на болеста.

!СИМПТОМОТ Е СИГНАЛ ЗА НЕШТО, НЕ ГО ИСКЛУЧУВАЈТЕ ЗНАКОТ ЕДНОСТАВНО.

КЛИНИЧКА ХОМЕОПАТИЈА

Во раните фази на равојот на хомеопатијата одредени хомеопати го избраа начинот на комбинација на неколку хомеопатски средства во формула која ќе понуди проширување на полето на лечење на болеста. Клиничката хомеопатија е општо прифатена во светот и одлука е на практичарите во зависност од случајот да одлучат за начинот на лекување. Овие лекарства вообичаено се обележани спрема болеста што ја лекуваат (како: cold, flu, colic, teething, allergy, sinusitis, headache, arthritis и др.). Кај класичната хомеопатија се обележани спрема специфичната состојка што всушност претставува (како: Pulsatila, Aconitum, Apis, Lycopodium и др.).

КОГА СЕ ПРЕПОРАЧУВА КЛИНИЧКАТА ХОМЕОПАТИЈА

Кога особата страда, има озбилни потешкотии и во моментот не може да се дефинира лекарството што треба да се даде, а хомеопатот не е цврсто одлучен за терапијата, во тој случај е покоректно да се даде комбинираната формула.

Еден од правците на ширење на хомеопатијата е ИЗОПАТИЈА, која е едновремено и терапија на милјето (средината) на човечкиот организам која навлегува длабоко во размена на материи и во внатрешното опкружување на мезенхимот, на телесните течности и на клетките. Терапијата доведува неспецифични кондритини кои делуваат како материи за поттик, кои преку апсорпција на ферментите на туѓите микроби ја поддржуваат отпорноста на човечкиот организам.

Услов за делотворно менување на симбиозата од секаков тип може да се постигне само со активно учество на пациентот, кои преку правилниот и осмислен начин на исхрана и начин на живот мора да ја преземе одговорноста заради овозможување динамичен тек на животните процеси во неговиот организам.

Основа за делотворно изопатско лекување се лековите кои долго време се потврдија како успешнo прозиведени од фирмата Занум-Келбек. Тука спаѓаат познати и потврдени лекови: Mucokehl, Nigersan, Notakehl, Utilin, Albicansan, Pefrakehl, Quentakehl, Fortakehl и др. кои зависно од дијагнозата и целта на терапијата ги препишува терапевтот.

Изопатијата недвојбено се поврзува со името на професор доктор Гинтер Ендерлајн (1872-1968) и истражувањата со темниот микроскоп.

Во периодот кога работел Ендерлајн освен микроскопските методи и лабораториските постапки за култивирање на микроорганизми немало речиси никакви инструменти, кои би овозможиле истражувања во денешна смисла на зборот. Темниот микроскоп кој го користел проф. Ендерлајн во своите значајни научни истражувања. За денешни сфаќања тој претставува едноставен и примитивен микроскоп, кој во негово време почнал да се применува и станал стандардна опрема во поголемите микробиолошки лаборатории.

Пациентите често го поставуваат прашањето за разликата меѓу светлиот и темниот микроскоп кој се користи во изопатијата.

Светол микроскоп: Целата слика влегува во објективот на микроскопот, објектите се појавуваат темни на светла позадина. Заради подобар и попрецизен приказ се користат различни методи на боење, за да се видат микробите, крвните клетки и сл. Меѓутоа, се што е живо на тој начин се уништува!

Темен микроскоп: Препаратот толку добро странично се осветлува што обичните светлосни зраци воопшто не можат да продрат во објективот на микроскопот. Полето на наличјето се прикажува темно и само зраците кои се навалени на структурите на објектот создаваат слика (одраз). Препаратот се прикажува светол на темна позадина, и преку темниот кондензор е исклучено секое преголемо зрачење.

Проф. Ендерлајн докажал дека микроорганизам од растителна природа, кој го нарекол ендобионт кој се пренесува диаплацентарно (на патот преку плацентата во матката на секоја жена): од грчки endo: внатре и bios значи: живот. Значи ендобионтот значи: првобитен растителен организам кој е во внатрешна симбиоза со човекот. Постоењето на ендобионти во 1964 година од Ендерлајн било наречено ендобиозиз. Тие постојат кај сите цицачи.

Ендобионтот живее во својата апатогена форма (форма која не создава болест) во здравиот човечки организам во сите клетки и ги извршува своите многустрани симбиотски задачи. Тој на пр. учествува во создавањето на крвта (вискозност и процесот на згрутчување и дишење на крвта), како и другите телесни течности, глобин, белковини, фибрин, тромбоцити и др. ,како и кај имунолошката одбрана и создавање на ензими и хормони. Ниската валентна форма, или таканаречена апатогена форма на ендобионтот има витална функција и улога на “регулатор”, кој е значаен и за набљудување на човекова и животинска крв со темен микроскоп.. По смртта на домаќинот ендобионтот (ги потврдува зборовите искажани во библијата) во својата највисоко развиена форма на габа, односно како Mucor racemosus Frese (габа што предизвикува процес на распаѓање) учествува во процесот на распаѓање на мртвото тело и негово претворање во прав.

60 проценти од сувата супстанца кај човекот се состои од ендобиотски материјал. Во текот на животот овој пријател може при одредени ендогени (внатрешни) или егзогени (надворешни) влијанија, за кои подолу повторно ќе стане збор, да премине во предизвикувач на болеста, а во најлош случај предизвикувач на смрт, на начин што плеоморфно ќе се промени и ќе се развие во повисока форма.

За да се случи ова ендобионтот минува еден цикличен процес во околината која е променета (околната средина од која се храни) преку повеќе различни развојни степени кои Ендерлајн ги нарекол Cyclogenie (на грчки: cyclos=круг, циклус genos=раѓање, значи: „циклично раѓање“).

Најдолната точка на тој цикличен развој го сочинува протитот (пра-никулец). Преку откривањето на тој биолошки пра-дел Ендерлајн успеал да постигне значително достигнување во однос на сфаќањето за основата на животот. Имено, „протит“ од една страна значи духовна поврзанот со богот Протеј, но од друга страна и поврзаност со материјалната сфера преку неговата аналогија со протонот.

Неговата многу мала големина од околу еден стоилјадити дел од милиметарот може да се види само со помош на електронски микроскоп. Или за да си претставиме колку е мал ќе кажеме: 100.000 протити поставени еден до друг создаваат патека од еден милиметар. Протитoт претставува хомоген, неоргански, но сепак жив колоидален протеин од растителна природа.

Значи не се клетките оние кои се пра-обликот на животот, туку тоа е протитот. Тој постои во секоја клетка на повисоко развиените живи суштества.

Како што напоменавме, ендобионтот по смртта не го напушта човечкото тело, туку се грижи за тоа во високо валентна форма како габа што призвикува распаѓање да учевствува во преобразбата на протеините на телото и да се врати во форма на прав, а потоа повторно с пробразува во нисковалентна форма како протит. Во оваа смисла може да се постави прашањето: дали тој потоа слевајќи се во подземните води се враќа во живиот човечки и животински организам преку пиење на водата? Ништо не може да го спречи да го стори тоа бидејќи тој покажува многу голема отпорност на топлина, студ, зрачења или хемикалии. Но тој може да преживее само во сува состојба, односно во кристалоидните облици на преобразба и температури од 310°C без да го загуби животот и способноста за создавање никулци. Ендерлајн правел експерименти на тој начин што загревал во платинест сад ендобиотски материјал до околу 310°C и од правта која на тој начин се создала потоа одгледувал бактерии. Така во 1951 година кај мамутите, кој биле замрзнати пред околу 5.000 години, по бавното одмрзнување биле пронајдени никулци од Mucor racemosus, кои спонтано потоа повторно оживеале.

Ендерлајн успешно одгледувал масовни светло кафеави спори од Mucor racemosus Fresen oд прастарите саркофази од катакомбите најдени крај Рим. Ова значи дека живата супстанца може да се одржи во живот во текот на повеќе од милиони години. На овој начин приказната за птицата Феникс одеднаш станува приказна за животот.

Кој се следните видови на развојни степени во циклогенијата според Енедерлајн? Сите симбиоти односно микроорганизми со кои човекот живее во симбиоза Ендерлајн ги нарекол фила, симпротити, пермити, кондрити и др. по правило не предизвикуваат болест – тие дури се неминовни за некои физиолошки процеси во нашиот организам. Тој зборува за колоидна односно примитивна фаза, која е нормален и здрав стадиум и по правило постои кај секој човек.

Нормалната pH средина на крвта се движи во граници помеѓу 7,30 и 7,45, значи таа средина е лесно базна. Меѓутоа, доколку нашето опкружување се промени во текот на подолг временски период преку внатрешни или надворешни влијанија кои создаваат пречки, тогаш од неопасните микроорганизми (ендобионти во колоидна, примитивна фаза) можат да настанат повисоки валенции (форми), кои ќе се развијат во штетни микроби. Тие почнуваат да ја менуваат формата минувајќи ги различните фази во цикличниот процес. Тоа значи, менување и преобразба од симбиотската примитивна фаза која не е болест, почнувајќи од границата на видливост на темниот микроскоп, преку повисоко валентните фази на бактерии се до кулминативната фаза на габи. Микробите во својата патогена форма продуцираат органска киселина. Mucor racemosus продуцира lactat (Sanuvis – Sanum), Aspergillus niger продуцира citrate (Citrokehl – Sanum), Penicilinium notatum продуцира penicilin (Notakehl – Sanum).

Бидејќи ендобионтот во својата апатогена колоидна форма е мошне битен симбионт, темата симбиоза (соживот) треба поблиску да се разјасни. Имено постојат како егзогени (надворешни), така и ендогени (внатрешни) причинители, кои можат да ја нарушат рамнотежата на штета на организмот-домаќин и можат да придонесат за понатамошен развој во рамките на циклусот. Тие фактори се:

  • погрешна исхрана со протеинска храна, денатурирана храна; мртва променета и загадена вода како и конзерванси;
  • дезоксибиоза, т.е. намалена способност за дишење на клетките преку недостиг на доволно кислород;
  • психички тегоби настанати од стравови, грижи, манифестни депресии, трајни состојби на напнатост (негативен стрес, проблеми во партнерството кои не се решаваат подолго време);
  • геопатски загадувања и зрачења преку водовите за висока струја, трафостаници, подземни јазли, космички зрачења итн.;
  • ендогени и егзогени токсини преку фокалтоксини (загадување на почвата);
  • загадување на животната средина, канцерогени материи, инсектициди, оловни и сулфурни соединенија итн.;

За развој на енбионтите придонесува пред се лошата исхрана со премногу белковини, белото брашно и белиот шеќер. Целосното исфрлање на овие производи од исхраната води кон враќање на ендобиотите во пониски валенции. Тоталното хемизирање и технизирање на нашата околина, нефизиолошките работни услови, неприродната обработка на почвата (моноструктурното земјоделство), уништувањето на нужните организми во почвата со фунгициди и пестициди, менувањето на pH-вредноста на почвата, која на корисните микроорганизми им ја одзема животната способност итн. доведуваат до појава на паразитизам. Овој општ патолошки развој може да се прекине само со менување на начинот на живот, исхраната и третманот на почвата. Тука спаѓа и биолошка корекција на грешките во областите сточарство, земјоделство и водостопанство.

Според Ендерјалн pH-вредноста во крвта и во ткивата претставува каузален предуслов за целокупната циклогенија која произлегува од неговото учење. Во течностите на телото се наоѓаат киселини како и бази од чии што правилен сооднос зависи нашиот живот. Нормалните вредности кај човекот за односот киселина-база во урината изнесуваат 5,80-6,80, во плунката 6,50-6,85 и во крвта: 7,30-7,45.

Долго време пред да се појават типичните симптоми на болеста кај одредени органи и делови од телото, кои погрешно и површно се дијагностицираат како основна болест и потоа се лечат локално без успех или со мал успех, се појавуваат промени кај ендобиозисот во почетен стадиум, во вид на следниве општи симптоми:

  • слабост при концентрација,
  • лоша општа состојба,
  • чувство на постојан замор, дури и наутро по будењето,
  • подложност на инфекции,
  • немање апетит или потреба за јадење слатки,
  • работна инсуфициенција,
  • главоболки,
  • депресии,
  • проблеми со кожата,
  • наслаги на јазикот,
  • алергии (посебно во пределот на кожата и лигавицата)
  • рецидивирачки кандиди-микози (габични инфекции посебно во цревната, вагиналната и бронхијалната област).

Темен микроскоп

При испитување на крвта со темен микроскоп не само што се открива моменталната состојба на организмот, туку благовремено се откриваат и т.н. диспозиции, т.е. развојните тенденции кои водат кон некоја болест. Начелно гледано болеста не е феномен кој се појавил изолирано поради пореметувања на функијата на некој орган, туку тој треба да се сфати како пречка во динамичниот процес на регулација во кој зема учество целиот човечки организам.

При анализата со темниот микроскоп се зема капка свежа крв која не се обојува и се става под микроскоп. Потоа веднаш се набљудува под 1000-1500-кратно зголемување. Со темниот микроскоп се набљудуваат апатогените и патогените промени во крвта на ендобионтот. Спрема учењето на проф.др. Ендерлајн и неговото најважно откритие и основата на неговата тотално ефективна изопатска терапија се должи на доказот дека во микробиологијата нема смрт туку само менување на форма (“Zykloogenie und Symbioselenkung” ehi electronic ag ISBN 0-952-0057-4-6). Значи високовалентните форми (бактерии, вируси и др.) можат преку нисковалентните форми, своите телесни протити (протеини и нуклеински киселини) да се редуцираат во апатогени форми преку изопатските лекови. Изопатскиот антибиотик има моќ и задача бактеријата во својата патогеност да ја промени во апатоген стадиум и да ја стави во процес на имунобиолошка симбиоза и баланс. Ова антибиотско лечење за разлика од алопатското лекување не ја умртвува бактеријата (која со своите антигени произведува ендотокини), туку ја враќа во нејзината најниска апатогена фаза.

При посебни болести односно развој на болестите крвта може да се набљудува за период од 3-5 дена.

Обучените и искусни дијагностичари можат брзо да ги согледаат диспозициите за одредени боелсти и соодветно на тоа да ја одредат терапијата.