FORTAKEHL D5 tabl. – Sanum Kehlbeck
Tаблети:
- за орална употреба
Активна состојка:
1 таблета содржи:
250 mg Penicillium roquefortii e volumine cellulae
Индикации:
- Создавање симбиоза кај дисбактерии и санирање на уништената слузница
- Gastristis, Enteritis, Colitis-синдром со Cholecystitis и Pankreatitis со следните тегоби: дијареа, опстипација, Vomitus.
- Ulcus ventriculi
- Микози на цревата, вагината и кожата.
Својства:
Fortakehl, кој се добива од габата на мувлата Penicillium roquefortii, не е антибиотик и не содржи, ниту пак произведува пеницилинска киселина. Поради тоа ги нема типичните штетни појави при користење на терапија со антибиотици, односно нема алергии, оштетувања на црниот дроб, уништување на цревната флора и создавање на колонии резистентни на пеницилинска киселина. Fortakehl се препишува на почетокот на воспоставувањето симбиоза. Треба да се зема на почетокот кај сите цревни микози и последователно кај сите други микози во регионот на вагината, кожата и устата. Според Ендерлајн, во крвта на човекот како и на сите цицачи егзистираат секогаш т.н. ендобионти од растително потекло. Најпримитивната форма на ендобионтот е апатогениот колоиден стадиум, кој се одликува со најмалите белковински честички, кои се со големина на вирус (0,01µm). Различните причини од егзоген и ендоген карактер, иницираат циклус на развој на примитивните форми почнувајќи од фазата на бактерии, па се до фазата на габи, при што вирулентноста на паразитите се зголемува со зголемување на развојната форма. Не постои човек кој дијаплацентарно не го наследил тој ендобионт и кој во своите клетки и телесни течности не ги има во себе, барем во оние најпримитивни стадиуми. Во здравиот организам овие примитивни форми делуваат регулативно, бидејќи тие се во состојба да се врзат со циклогенетски форми на паразити кои се поразвиени и нив да ги разградат во пониски стадиуми. Разградувачките производи кои при тоа настануваат, телото мора да ги отфрли. Но, кога во случај на болест тие не можат целосно да се исфрлат преку кожата, цревата, бубрезите и бронхиите, тоа може да предизвика нивно развивање во повисок стадиум. За да се спречи тој процес, нивното исфрлање треба да се помогне со соодветни препарати.
Примена:
Орално
- Возрасни и деца над 12 години:
1 – 3 x дневно 1 таблета
- Деца од години:
1 -2 x дневно 1 таблета
- За деца под 6 години:Доза зависи од советот на вашиот лекар.
Несакани дејства:
Не се познати.
Пред примена на препаратот, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.
Содржина на пакување: 20 таблети.