QUENTAKEHL D4 caps. – Sanum Kehlbeck

Капсули за орална употреба

Хомеопатски антибиотик

Активна состојка:

  • 1 капсула содржи: 330 mg Penicillium glabrum D4 тритурација

Индикации:

Специфично ефикасен препарат во изопатска терапија на вирусни инфекции: laryngitis, bronchitis, sinusitis, pharyngitis, грипозни состојби, сите заболувања предизвикани од мешани инфекции и за интерпонирање кај други габични препарати при: мигрена, multiplex sclerosis, vertigo, Meniere синдром, Herpes zoster, при уринарни инфекции и nephritis.

Својства:

Quentakehl, се добива од габата Penicillium glabrum, не е синтетски антибиотик, не содржи, ниту пак произведува пеницилинска киселина. Поради тоа ги нема типичните појави какви што ги има при користење на терапија со антибиотици какви што се алергии, оштетувања на црниот дроб, уништување на цревната флора и создавање на колонии резистентни на пеницилинска киселина. Quentakehl делува специфично кај сите вирусни инфекции.

Може да се користи заедно со Notakehl капки и капсули.

Примена:

При акутни состојби:

  • 1-3 капсули дневно.

Капсулата може да се отвори и прашокот да се нанесе дирекно на јазикот.

Несакани дејства:

Не се познати.

Пред примена на препаратот консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Содржина на пакување: 20 капсули.