NOTAKEHL D5 sol. – Sanum Kehlbeck

Капки за:

  • за орална употреба
  • протривање по кожата
  • инхалација

Хомеопатски антибиотик

Активна состојка:

  • 1 ml содржи: 1 ml Penicillium chrysogenum D5 dil. ; 1ml = 22 капки

Индикации:

Специфично ефикасен препарат во изопатска терапија на бактериски инфекции: angina tonsillitis, laryngitis, otitis, инфекции на урo-гениталниот тракт (cystitis, prostatitis, endometritis), пулмонални заболувања (asthma-bronchitis, bronchitis, sinubronchitis), neuritis, neuralgia, LWS синдром, кај појава на акни, при екстракција на заб, процеси во усната шуплина и заболувања на коренот на забот, за интерпонирање при терапија со други фунгални препарати.

Својства:

Notakehl, се добива од габата Penicillium chrysogenum, не е синтетски антибиотик, не содржи, ниту пак произведува пеницилинска киселина. Поради тоа ги нема типичните појави какви што ги има при користење на терапија со антибиотици какви што се алергии, оштетувања на црниот дроб, уништување на цревната флора и создавање на колонии резистентни на пеницилинска киселина. Notakehl делува специфично кај сите инфекции предизвикани од стрептококи и стафилококи.

Може да се користи заедно со Quentakehl капки и капсули.

Примена

Орално

Возрасни и деца над 12 години:

  • 1x дневно 5-10 капки пред оброк.

Деца под 12 години:

  • 1 капка за секоја година (2 години-2 капки), но да не се пречекори дозата за возрасни.

За протривање

  • 1 x дневно 5-10 капки се протрива на прегибот на лактите.

За инхалирање

  • 8 капки 2-3 x дневно со 10-20 длабоки вдишувања.

Несакани дејства

Не се познати.

Пред примена на препаратот консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Содржина на пакување: 10ml течност.