- Краниосакрална терапија
Краниосакралната терапија претставува таков метод на леченење, кој го вклучува човекот во целина. Во центарот на краниосакралната терапија е движењето на мозочната течност, т.н. Liquor cerebrospinalis, која го опфаќа, штити и храни централниот нервен систем. Т.н. CranioSacrale-систем ги опфаќа сите структури, во кои е сместен централниот нервен систем. Тој е обвиткан со цврста мембрана, која е срасната со черепната коска (Cranium), како и со крстот (Sacrum). Во овој систем на одредени места може да настанат згрчувања, кои ја ограничуваат циркулацијата на течноста (Liquor), а може и да го нарушат целокупниот развој како и функционалноста на нервниот систем.
ТЕРАПИЈА-РОЛФИНГ
Масажата „Ролфинг“ претставува комплементарно-медицинска мануелна метода на лечење која уште се нарекува и Структурна интеграција. Станува збор за мешавина од масажа на ткивата и телесна активност.
Комплементарна терапија на карцином
Како дополнение на класичната медицина ние ги нудиме следните методи: лечење со индивидуално избрани концентрации на имела од дрвја-домаќини.
Helixor® - препаратите се произведуваат од имела (Herba Visci albi) на различни дрвја-домаќини:
- елка (Helixor® A = abietis),
- јаболкница (Helixor® M = mali),
- бор (Helixor® P = pini).
Helixor® се инјектира како поткожна инјекција (шприц под кожа) на различни места на стомачниот ѕид.
Можни се инјекции и во бутот (предна и надворешна страна) и во надлактицата.
На местото на инјектирање, особено на почетокот на лекувањето, може да се појави црвенилo. Црвенило на местото на инјектирање со радиус од 1 cm до 5 cm и /или лесно зголемување на температурата за 0,5 - 1C и подобрување на Вашата општа здраствена состојба се знак за вашиот лекар дека оптималната Helixor®-доза е достигната.
Helixor® - препаратите се употребуваат:
- Заедно со општите мерки за подобрување на животниот квалитет кај солидни тумори за време и по стандардна терапија
- Јакнење на имунитетот
- Намалување на туморозните болки
- Подобрување на општата состојба
- Зголемување на апетитот
- Спречување на создавањето метастази
- Продолжување на животниот век
Терапијата со имела е погодна да се применува заедно со радиотерапијата и хемотерапијата. Тогаш таа го намалува бројот на несаканите придружни појави како што е чувството на мачнина/гадење.