Бенигната хиперплазија на простатата е најчесто заболување на простатата кај мажите постари од 50 години. Честотата расте со возраста.
Причините за настанувањето на БПХ сеуште не се доволно разјаснети.
Зголемувањето на простатата започнува помеѓу 40 и 45-годишна возраст. Зголеменото ниво на ДХТ (дихидротестостерон), кој се создава од тестостеронот, се смета како главна причина за зголемувањето на простатата. Последица на тоа е растење на ново простатично ткиво кое го притиска мочниот канал и доведува до негово деформирање и стеснување. Тоа е и причината за појавата на симптомите на БПХ:
- често мочање, особено ноќе,
- ургентно мочање (итна потреба за мочање),
- инконтиненција (неволно и неконтролирано мочање),
- тешко отпочнување на мочањето,
- слаб млаз на мочта,
- потреба за напнување при мочање и испрекинато мочање,
- чувство на нецелосно празнење на мочниот меур,
- акутна уринарна ретенција - АУР (неможност за мочање).
Последици од развојот на болеста се АУР и операција.