pH средина на телото

  • Печати

Голем број на лекари и нутриционисти сметаат дека клучот за многу болести се наоѓа во ацидо – базната рамнотежа на организмот, чие нарушување доведува до автоинтоксикација и акумулирање на киселини во организмот.

За регулација на основните хемиски процеси клучна улога игра соодносот на киселини и бази. Во наизменичен ритам тие протекуваат низ ткивата на организмот. Органите кои во прв ред управуваат со регулација на кисело-базната рамнотежа во организмот се: хепарот, бубрезите и белите дробови. За да може да се одвива здрава размена на материи потребни се базни супстанции, кои се создаваат со внесување на растителна храна во доволни количини.

Високата киселост може да стане опасна состојба, што го прави организмот подложен на многу болести. Затоа се смета дека избалансирана pH средина овозможува оптимално одвивање на метаболните функции на организмот. Бидејќи водата е најприсутна состојка во човечкиот организам, која сочинува 70% од вупната маса, pH рамнотежа е воспоставена кога таа се движи во граници од 6,0 -7,5. pH вредност под 7,0 означува кисели телесни течности, над 7,0 означува базна средина и 7,0 означува неутрална средина што ја има дестилираната вода.

pH средината кај повеќето луѓе е благо кисела. Во колку има поголемо зголемување на киселоста, организмот го активира хомеостатскиот одговор на телото, во кој важна улога имаат бубрезите, кои се задолжени за одржување на неутрална pH вредност на крвта. Почнуваат патолошки промени, односно организмот почнува да ги троши алкалните резерви, како минерали (калциум, магнезиум, фосфор и натриум) од виталните органи и коски, што е резултат на активирање на одбранбениот механизам на организмот со цел да ја неутрализира зголемената киселост. Во колку овие природни ресурси за неутрализирање на pH средината премногу се користат се јавува: намалување на густината на коскената маса, влијае на нормалната срцева функција, појава на грчеви во мускулатурата, аритмија и анксиозност. Ваквата состојба која може да трае подолго време, што зависи од отпорноста на организмот, многу често е незабележана од страна на самиот човек, како и неговиот лекар. Едни од првите симтоми најчесто се јавуваат во форма на киселини во желудникот, функционални пречки во подрачјето на желудникот и жолчката и општи проблеми во горниот дел на стомакот проследено со чувство на мачнина и надуеност. Влијанието на ацидо-базната рамнотежа е индивидуален одговор на имуниот систем, така да нарушениот баланс дава различни последици кај посебни единки. Постојат особи каде и блага киселост може да предизвика проблеми.

Дури кога во потполност е нарушено здравјето на човекот се превземаат мерки за да се супримираат и намалат симптомите на болеста. Најчестите пореметувања се забележуваат во вид на: оштетување на крвните садови, претерана дебелина и дијабет, оболување на бубрезите, вклучувајќи и камен во бубрег. Појако изразени симптоми се: депресија, губење на меморија и концентрација, потење, поголема подложност на бактериски инфекции (стафило и стрептококи), габични инфекции (кандидијаза), цистит, дијареа, алергии. Штетните влијанија од слободните радикали доведуваат до појава на канцерогени мутации, забрзано стареење, слаби и крти коски, зголемен ризик од остеопороза кај жени, бол во мускулите и зглобовите, хроничен осет на замор и недостаток на енергија.

pH вредноста на урината се движи помеѓу 6,0 и 6,5 наутро и помеѓу 6,5 и 7,0 во текот на денот. pH вредноста на урината е показател колку организмот успешно ги асимилира минералите (калциум, магнезиум, натриум и калиум), кои организмот ги користи за одржување на нормалната pH вредност на телесните течности.

pH вредноста на плунката се движи во граници од 6,5 до 7,0 и укажува во каква активна состојба се ензимите за варење во цревата и хепарот. Има органи на кои им треба кисела средина како што се: кожата 5,5, простата 5,0-5,5, желудник 1,5.

Најчеста причина за зголемена ацидоза е неадекватната исхрана и контаминирана храна (посебно со тешки метали) и вода. Начинот на исхрана кој вклучува големи количини на месо, јајца, млеко и млечни производи, производи богати со бело брашно и шеќер, газирани пијалоци, а мала количина на свеж зеленчук и овошје при своето разградување даваат продукти кои ги намалуваат алкалните резерви на организмот. Исто така и употребата на лекови, вештачки засладувачи и конзерванси ја нарушуваат рамнотежата на pH средината на телото. Современиот живот значи постојана подложност на стрес, емотивен напор и премалку физички активности, што во синергија со претходно споменатите фактори значи комплетно нездраво живеење. Загаденоста на надворешната средина влијание преку преголемата количина на сулфурни соединенија во воздухот и презаситеност на земјата со азотни соединенија што уште повеќе го отежнува воспоставувањето на балансот на pH вредноста на организмот.

Поголема киселост во клетките значи помалку кислород, што е од суштинска важност за правилно функционирање на организмот. Доволна количина на кислород спречува појава на заболување, инфекции и рак.

Појава на мутирани рецептори, што е причина за појава на рак се случува во колку pH вредноста на клетките не обезбедува правилно разложување на глукозата до нуклеотиди: аденин, гванин, цитозин и тиамин, кои ја подржуваат здравата синтеза на ДНК. Кога pH вредноста на клетките е кисела, глукозата се разложува до млечна киселина, на кој начин уште повеќе се зголемува киселоста на средината. Освен тоа опасност од ацидоза имаме и кај кетоацидоза, кај дијабетичари и ренална ацидоза, која се случува при неправилна работа на бубрезите.

КАКО ДО ПОДОБАР АЦИДО-БАЗЕН БАЛАНС СО ИЗОПАТСКА ТЕРАПИЈА

Користење на прашокот ALKALA N , од германскиот производител Sanum- Kehlbeck, кој е безпрекорно избалансиран препарат со посебна формула за одржување на потребната pH средина во телото.

Со Alkala N прашокот се посакува да се постигне брз проток низ желудникот во горниот дел на тенкото црево. Целта е да не се смени pH средината на желудникот, туку со брз проток низ него да стаса до тенкото црево. Затоа прашокот се раствора во жешка вода за да се овозможи побрз доток до тенкото црево. (Мускул pylorus брзо се отвара со топли напитоци, а побрзо се затвора со ладни јадења и пијалоци). На тој начин алкализирачкиот прашок брзо го започнува своето дејство во дуоденумот. Панкреасот и здравата слузница на тенките црева повторно можат да ја започнат својата работа. Alkala N помагa во обновување на слузницата на тенките црева и го подобрува процесот на варење во истите. Полезните бактерии кои се присутни во таа средина самостојно ја враќаат својата функција.

За постигнување на добар ефект се препорачува користење на прашокот од неколку месесци по препорака на лекарот. Доколку некој пациент покаже интолеранција спрема препаратот, терапијата се прекинува за неколку дена и потоа се продолжува со земање на четвртина од дозата, која постепено ќе се зголемува.

ДРУГИ НАЧИНИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА АЦИДО-БАЗНИОТ СТАТУС

ШТО СЕ ПОСТИГНУВА СО БАЛАНСИРАЊЕ НА pH СРЕДИНАТА НА ТЕЛОТО: